Шокантно откритие: во омилената храна може да има инсекти, паразити и индустриски додатоци

Истражување открива дека во секојдневната храна може да се најдат траги од инсекти, паразити и индустриски состојки. Дел од овие супстанции се дозволени во мали количини според регулативите. Темата отвора прашања за транспарентноста и влијанието врз здравјето на потрошувачите.

Истражување објавено во британскиот весник The Guardian открива дека дел од храната што секојдневно се консумира може да содржи неочекувани состојки – од инсекти до индустриски додатоци и микробиолошки супстанции.

Според анализата, во одредени случаи во кафе може да има траги од инсекти, вклучително и делови од бубашваби, кои се јавуваат поради процесите на производство и складирање. 

Иако ова звучи вознемирувачки, експертите објаснуваат дека мал процент на вакви нечистотии е практично неизбежен во масовното производство на храна и во одредени земји е дозволен во рамки на здравствените стандарди. 

Покрај тоа, во рибата што се консумира може да има паразити, кои најчесто се уништуваат при замрзнување или термичка обработка, додека во некои преработени производи се користат минерали како калциум карбонат (практично креда) за подобрување на структурата. 

Истражувањето укажува и на тоа дека во сладолед, колачи и други производи се користат згуснувачи добиени од дрвна маса, додека некои адитиви се создаваат преку микробиолошка ферментација, што значи дека потекнуваат од бактерии и други микроорганизми. 

Дополнително, дел од додатоците во храната се произведуваат од нуспроизводи на други индустрии – како остатоци од овошје, кожа и коски од животни или растителни отпадоци, кои се користат за протеински прашоци, бои и други додатоци.

Иако сите овие состојки поединечно се тестирани и се сметаат за безбедни, експертите предупредуваат дека нивната комбинирана долгорочна употреба сè уште не е доволно истражена.

Темата отвора поширока дебата за тоа колку потрошувачите се информирани за вистинскиот состав на храната што ја консумираат и колку транспарентност има во прехранбената индустрија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни