Сообраќајка на Стара Рампа, на улица што е во ек на поправки

Несреќата се случила околу 20:30 часот, а засега нема официјални информации за повредени лица

Сообраќајна несреќа вечерва се случи кај Стара Рампа во Скопје, на улицата што во моментов е во ек на поправки и со изменет режим на движење.

Според информации од терен, несреќата се случила околу 20:30 часот, а во неа учествувале автомобил и мотор. Делот каде што се случила сообраќајката е слабо осветлен, а на улицата нема јасно поставени знаци за семафорите и за тоа кој има предност во движењето.

Засега нема официјални информации дали има повредени лица, ниту колкава е материјалната штета. Се очекуваат повеќе детали од надлежните служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс