Сообраќаен колапс во Автокоманда

Километарски колони во Автокоманда и кон излезот од Скопје. Сообраќајот се одвива бавно, а причините засега не се потврдени.

Километарски колони се создадени во Автокоманда, во правец кон Континентал, а возачите јавуваат дека сообраќајот се одвива исклучително бавно.

Според информациите од терен, на дел од потегот нема полициско регулирање, а семафорите не работат, што дополнително го отежнува движењето.

Уште поголем метеж има кон излезот од Скопје, каде колоните се уште подолги.

Километарските колони најверојатно се резултат на дождот, зголемениот сообраќај пред продолжениот викенд или едноставно комбинација од повеќе фактори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни