Социјалдемократската партија на Австрија: Сликите од Србија се шокантни – единствениот одговор на Вучиќ е насилство

Социјалдемократската партија на Австрија (СПÖ) објави на социјалната мрежа X дека „сликите од Србија се шокантни“.

Во објавата, партијата потсетува дека граѓаните во Србија со месеци демонстрираат против корупцијата, додека „единствениот одговор на претседателот Александар Вучиќ е насилство“.


Тие го пренесоа и ставот на Андреас Шидер, шеф на делегацијата на СПÖ во Европскиот парламент, кој порача:
„Европската комисија мора да заземе јасен став – против насилството на режимот и за граѓаните на Србија.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс