Марк Закерберг, извршниот директор на Meta, проба Гинис во поткастот Cheeky Pint на соосновачот на Stripe, Џон Колисон, а снимката од неговата реакција стана вирална. Повеќе корисници тврдат дека се мачел да го проголта пивото и правел гримаси. Закерберг донел буре од ирскиот стаут директно од Даблин, само два месеци откако со сопругата Присила Чан купи замок во Ирска.
Cheeky Pint е поткаст на Stripe во кој Колисон разговара со основачи и раководители на компании додека пијат. Закерберг дојде заедно со Александр Ванг, главниот директор за вештачка интелигенција во Meta.
Mark Zuckerberg pretending to enjoy Guinness is my new favourite thing. https://t.co/y570hFF0V6
— Mark Malone (@soundmigration) October 12, 2026
Сепак пиењето Гинис не му тргна од рака на Закерберг. Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека наместо опуштено да ужива во пивото, тој се мачи, како да пие нешто непријатно.
Клипот се сподели на повеќе платформи, а коментарите се полни со потсмев. „Дури ни роботите не можат да обработат вистинско пиво“, напиша еден корисник. Друг го објави клипот на Икс со коментар дека Закерберг кој глуми дека ужива во Гинис е неговата нова омилена работа.
Како аргумент плус за шегите на социјалните мрежи е и фактот што Закерберг неодамна купи замок во Ирска, па или ќе се навикне на вкусот или ќе мора да продолжи да глуми доколку сака да се вклопи во општеството.
