Со Винарија Душа на Ohrid Wine Festival: вкусови на Ведрина и Темјаника со звуците на Суперхикс, и Битолски камерен оркестар

За да ја заокружи искуството, Винарија Душа подготви и фестивалска промоција

Охрид подготвува тридневен спектакл од 25 до 27 јуни, кога на Кеј Македонија ќе се одржи Ohrid Wine Festival 2026. Посетителите ќе уживаат во настапите на Дани Димитровска, Битолски камерен оркестар, Суперхикс и други изведувачи, кои ќе ја надополнат винската понуда со силна музика и добра енергија.

Еден од најинтересните штандови ќе биде оној на Винарија Душа, каде љубителите на бело вино ќе можат да ја пробаат Ведрина, суво, освежувачко бело cuvée и Темјаника, премиум бело вино препознатливо по својата арома.

За да ја заокружи искуството, Винарија Душа подготви и фестивалска промоција: за секое купени две шишиња вино, посетителите добиваат премиум чаша на подарок, а со учество во тркалото на среќата можат да освојат дополнителни награди и попусти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс