Со овој код добиваш попуст од 15% за AI Tech Sammit кој ќе се одржи во октомври во Скопје

Трн.мк те носи на AI Tech Summit, водечкиот настан во областа на вештачката интелигенција на Балканот кој ќе се одржи на 3 и 4 октомври во Националната опера и балет во Скопје.

За своите читатели, Трн.мк обезбеди попуст од 15% за купена влезница до 6 септември 2024 година. Попустот може да го активирате при купување на влезницата со употреба на следниов код: trnmk@15
Линк за регистрација: https://tbmgroup.eu/etn/ai-tech-summit-skopje-2/

После првото издание во Скопје и второто во Малага, AI Tech Summit годинава ќе донесе повеќе од 20-тина говорници од странство, но и од регионот. Се очекува ова да биде најголем регионален технолошки самит.

„Oва е мулти- димензионален самит на вештачка интелигенција каде што луѓе од најразлични индустрии ќе зборуваат како апликативно  ја применуваат вештачката интелигенција во нивните компании. Присутни ќе бидат говорници од „ Amazon “, „Google “, „Nvidia “, „Vodafone “, „Microsoft “, „Ubes“ од финансискиот центар, „JPMorgan Chase“ и уште многу други“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс