Зимата пристигна во Скопје: Не очекува снег и температури блиску до нулата

Скопје го дочека неделното утро со студено и облачно време, а во текот на утрото се очекуваат врнежи од снег и дожд. На сила е и жолто предупредување за снег и мраз

Зимски временски услови ја зафаќаат земјава и главниот град Скопје каде времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд и снег, а утринските часови носат најголема можност за снежни врнежи. Според прогнозата на УХМР, температурата во Скопје ќе се движи од околу 0 до 2 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.


Врнежи претежно од снег се очекуваат и во други делови од земјава, додека во пониските места долж Повардарието ќе има дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. На сила е жолто метеоролошко предупредување за снег и мраз до пладне. Се препорачува внимателно движење, особено во утринските часови, поради можноста за лизгави коловози и тротоари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс