Слика на Пикасо поминала децении обесена на ѕид во Италија, сопствениците не знаеле кој е тој

Слика на Пикасо со години била закачена во домот на Андреа Ло Росо на Капри, во Италија, без сопствениците воопшто да бидат свесни за вредноста на делото.

Родителите на Андреа со години се расправале за неконвенционалниот портрет, кој го открил неговиот татко Луиџи Ло Росо во подрумот на една вила во Капри 1962 година. Го врамиле во евтина рамка и го ставиле на ѕидот. Иако сликата била изложена во домот, сопругата на Луиџи не била баш воодушевена од портретот, а потписот на Пикасо не значел ништо за нив.

„Татко ми беше од Капри и собираше ѓубре за да го препродава“, изјавил Ло Росо за Гардијан. „Тој ја нашол сликата пред да се родам јас и немаше поим кој е Пикасо. Не беа по уметноста. Мајка ми не сакаше да го задржи платното и постојано велеше дека е ужасно“, додаде тој.

Семејството побарало совет од Фондацијата Аркадија, која врши уметнички атрибути и проценки. Членот на научниот комитет на фондацијата, д-р Синзија Алтиери, обучен графолог или специјалист за ракописи, го проучувал потписот на сликата. Фондацијата, исто така, побарала помош од познатиот уметнички детектив Маурицио Серачини, кој спровел хемиско-научна анализа на делото.

Тимот го потврдил потписот на Пикасо, а сликата била идентификувана како портрет на Дора Маар, француската надреалистичка фотографка, сликарка и поетеса која во тоа време била љубовница на Пикасо.

Делото било креирано помеѓу 1930 и 1936 година додека Пикасо го посетил Капри. Тој со Маар имал врска која траеле скоро девет години, а иако и самата Маар е уметницата, нејзината уметност доби популарност изминатите години.

Се очекуваат последните верификации дека платното е на Пикасо и ако се покаже како точно, Ло Росо може да очекуваат 6,7 милиони долари колку што првично е проценето делото од страна на Фондацијата Аркадија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни