Слаткаристика со концерти во Лондон и Оксфорд во септември

Првиот концерт ќе се одржи на 16 септември во Лондон со почеток во 19:00 часот, а два дена подоцна, Слаткаристика ќе настапи во Оксфорд

Слатаристика во следниот месец ќе одржи мини турнеја во Велика Британија.

Информацијата ја сподели самиот автор додавајќи дека наскоро ќе излезат детали околу влезниците.

Според програмата, првиот концерт ќе се одржи на 16 септември во Лондон со почеток во 19:00 часот, а два дена подоцна, на 18 септември Слаткаристика ќе настапи во Оксфорд исто така со почеток во 19:00 часот.

Инаку летово, Слаткаристика го наполни стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на големиот концерт што го одржа на Илинден, пред публика од сите генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс