Јубилејно 10-то издание на Скопје Винил Конвенција во МСУ

Повеќе од 30 диџеи и 20 продавачи на плочи од земјата и регионот ќе бидат дел од 12-часовната програма во МСУ.

Скопје Винил Конвенција на 12 септември ќе го одбележи својот 10-годишен јубилеј со целодневен настан во Музејот на современа уметност во Скопје. Настанот, кој ги обединува колекционерите и љубителите на грамофонските плочи, ќе понуди 12-часовна содржина со слободен влез за сите посетители.

Скопје Винил Конвенција (SVC) веќе една деценија функционира како централна точка за зачувување и промоција на културата на слушање плочи во Македонија. Јубилејното издание годинава ја продолжува традицијата на зближување на домашната и регионалната винил заедница.

Во рамки на 12-часовниот настан во МСУ, посетителите ќе имаат можност да го разгледаат изборот на над 20 продавачи на плочи од земјата и регионот.

Програмата вклучува настапи на повеќе од 30 локални и интернационални диџеи, како и дополнителни содржини кои опфаќаат Food Court зона и Second Hand продавници.

Влезот за сите посетители ќе биде слободен во текот на целиот ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс