Во момент на колективна тага и емотивен шок, стотици млади луѓе, студенти и граѓани вчера вечер се собраа на Плоштадот Македонија во Скопје, со едно заедничко чувство на тага, болка, гнев и неверување. Ѕвездено небо и 16 минутен молк за почит за жртвите на трагедијата која на 16 март го потресе Кочани и однесе 59 животи, оставајќи 180 повредени меѓу кои деца.
16 минутниот молк беше момент на искрен спомен, почит и тага за сите 59 изгубени млади животи.




Плоштадот вчера вечер беше пол со луѓе и исполнет со тишина која го носеше во себе целиот товар на разочарувањето од системот кој дозволи оваа трагедија да се случи.
„Колку долг е патот до правда? Колку долго ќе молчиме?“, пишуваше на транспарентите, но и на лицата на присутните. Сите тие беа сплотени во заедничка болка, а тишината беше почи кон загинатитите, но израз на гласен протест против корупцијат и против системот што дозволува да се случуваат вакви трагедии. Се побара одговорност и правдата која жртвите и сите ние ја заслужуваме. Пожарот во дискотеката во Кочани стана повеќе од прашање на пари, документи и корупција. Стана прашање за тоа каква иднина ги очекува младите.
Слични портести вчера вечер се одржаа во речиси сите градови во земјава.



По трагдеијата која однесе 59 животи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека досега е одреден 48-часовен притвор за 14 лица и тоа на 11 за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност, предизвикување општа опасност, а на три лица за несовесно работење. Уапсено е и лицето кое го издало и потпишало проектот дека дискотеката „Пулс“ во Кочани, ги исполнува сите потребни услови за да добие лиценца за работа. Вчера беа разрешени и началници од Штип и Кочани за да се обезбеди независна истрага и на нивно место ќе бидат донесени началници од Скопје.
Министерот изјави дека се идентификувани сите 59 загинати, повредени се вкупно 196 лица од кои 20 се деца, а 80-мина се транспортирани на лекување во странство.