Силно невреме проследено со дожд и со силен ветер попладнево го зафати Охридско – струшкиот регион.
Во Охрид поплавени се десеттици улици.
И во двата града поради невремето снема струја, а МЕПСО информира дека дошло до дефект на далеководот кој ги поврзува Охрид и Струга.
Според информациите голем дел од објектите и домаќинствата повторно се вратени на електричната мрежа а остануваат да се средат уште неколку помали дефекти.
Инаку утрово беше издаден метео аларм за можно невреме особено во јужните и југозападните делови од државата/