Најмалку четири лица се повредени во силен земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер, кој ноќеска го погоди регионот Тохоку на североистокот на Јапонија. Според соопштението на Јапонска метеоролошка агенција и локалните противпожарни служби, засега нема издадено предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри, пренесува агенцијата Кјодо. Во соопштението се наведува дека земјотресот не предизвикал нарушувања во работата на нуклеарните електрани Онagawa и Хигашидори, со кои управува компанијата Tohoku Electric Power.
Железничкиот оператор JR East соопшти дека по потресот привремено биле запрени некои возови во погодениот регион. Ситуацијата се следи, а надлежните служби продолжуваат со проценка на можните штети во регионот Тохоку.