Силен земјотрес ја погоди Грција

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри

Утрово Грција беше погодена од силен земјотрес во централниот дел од државата.

Земјотресот бил со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Според официјалните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,5121 и географска должина 21,3522, на 13 км од Патра.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс