Search

Изборот на храна и карактерот

Нема ништо послатко од тоа по излегување со пријателите да отидете да јадете нешто. Сè уште малку пијани, уморни од гужвите низ ноќните кафулиња многумина се одлучуваат во доцните часови да јадат и храна која не е соодветна за тоа време како што е помфрит, пица или хамбургер.

Но дали знаевте дека изборот на храна кажува многу за вашиот карактер?

Пица
Љубителите на ова италијанско јадење уживаат во животот, а она што најмногу им се допаѓа е јадењето пица на каучот. Не се замараат со премногу детали и најголема занимација им е ресторанот од кој ќе го порачаат омиленото јадење.

Супа
Слободното време сакаат да го поминуваат во удобноста на сопствениот дом, а омилен дел од денот им е ноќта. Тогаш најмногу сакаат вкусна супа или чорба, која не сакаат да ја споделат со никого.

Бургер
Оние кои утеха наоѓаат во вкусна плескавица или чизбургер по неколку пијачки, имаат ист таков апетит и за живот. За разлика од љубителите на пица, љубителите на ова јадење постојано брзаат низ животот додека не ги остварат своите соништа.

Брза храна
Вие сте непоправлив авантурист и не го избирате времето кога ќе ги однесете сите ваши пријатели во нов, а на крајот и во најблискиот ресторан за брза храна. Често сонувате за работи кои никогаш нема да се случат и понекогаш ви недостига контакт со реалноста.

Помфрит
Љубителите на компири се познати како кариеристи поради нивната незапирлива глад за успех. Не сте задоволни додека не се заврши работата, што директно влијае на градењето на вашиот деловен успех.

Извор: informer.rs

Најново

Последни колумни