Галичник филм фестивал ги објави добитниците на наградите на овогодишеното издание на фестивалот.
Гран При наградата му припадна на филмот „Што ако бомбардираат овде вечерва“ на режисерот Самир Сиријани од Либан.
Наградата за најдобар игран краткометражен филм ја доби „Жигосување“, за ајдобар документарен краткометражен филм – „Кобила-авион“ а за Најдобар анимиран краткометражен филм, филмот „Живот кучешки“
За најдобра актерка е прогласена Јана Никодиновска за улогата во „Мала шега“ а за најдобар актер Миливој Мики Рош за улогата во „Ветер во грб“
Наградата за најдобра режија ја доби Рабиа Озмен за филмот „Процедура“, за најдобро сценарио Игор Христов за филмот „Сопри ја колата“, за најдобра камера филмот „Нилски коњ“.
„Им честитаме на сите наградени автори и им благодариме на сите филмски екипи што ја споделија својата работа со нашата публика“ се наведува во соопштението на Галичник филм фест.