Покривот на штипската болница сè уште не е поправен, ќе чини милиони

По силното невреме месецов и оштетениот кров, Клиничката болница во Штип бара финансиска поддршка од државата за итна реконструкција.

Покривот на Клиничката болница во Штип сè уште е оштетен по силното невреме што го зафати градот, а за негова комплетна санација ќе бидат потребни неколку милиони денари. Раководството на болницата веќе подготвува проектна документација и финансиска проценка, со цел да побара помош од Министерството за здравство и Владата за покривање на трошоците.

Невремето што го погоди Штип нанесе сериозни штети на покривот од болничкиот објект, по што беа преземени само привремени мерки за заштита од дополнителни врнежи. Досегашните санирања се делумни, додека трајното решение бара целосна замена и реконструкција на оштетените делови. Ова создава ризик при секој нов дожд за одделенијата што се наоѓаат на највисоките катови.

Според првичните проценки на стручните служби, за целосната санирање на објектот се потребни неколку милиони денари, сума што болницата не може да ја обезбеди од сопствениот буџет. Поради тоа, менаџментот на институцијата очекува поддршка од државните институции, со цел процедурите за јавни набапки и градежни работи да завршат пред почетокот на есенските дожи.

Заменик-директорката на Клиничката болница, Билјана Ефтимова, кажа дека тие се уште го чекаат извештајот од осигорителната компанија, но и најави дополнителни проценки на штетата.

„Првичната проценка е во денари, неколку милиони. Но, чекаме извештај од осигурителната компанија и уште една проценка, затоа што после првиот чин од невремето, секако се појавуваат и други делови и работи кои треба да се реконструираат. Тоа се однесува на кровот на третиот спрат, каде што е сместено Ортопедското одделение и ортопедската сала, како и Единицата за интензивно лекување и Кома центарот. Тие се оштетени, бидејќи останаа без кров“, изјави Ефтимова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс