Радар во Шпанија „фати“ над 90.000 возачи: Една казна на секои шест минути

Бројките се јасно предупредување: на шпанските патишта, особено на туристичките рути, внимателното следење на ограничувањата може да значи разлика меѓу безбедно патување и висока казна.

Еден од радарите во Шпанија минатата година регистрирал дури 90.766 прекршоци, што во просек значи по една казна на секои шест минути. Радарот се наоѓа на 326. километар од автопатот А-7 кај Валенсија, во областа Ла Кањада, на една од најфреквентните сообраќајници на шпанскиот Медитеран. Делницата ја користат голем број локални жители, но и туристи.

Иако на автопатите во Шпанија генерално важи ограничување од 120 километри на час, на овој дел брзината е намалена на 100 километри на час поради густ сообраќај, вклучувања и чести застои.

Радарот не работел во текот на 2024 година, но откако повторно бил активиран во 2025 година, веднаш станал уредот со најмногу регистрирани прекршоци во земјата.

Висок број казни бележат и други радари. На автопатот А-15 кај Лекунбери во Навара биле регистрирани 67.445 прекршоци, додека радарот на патот CV-905 во Аликанте забележал 72.557 прекршоци. Шпанската сообраќајна управа ДГТ наведува дека радарите се поставуваат на ризични делници со цел да се намали брзината и бројот на сообраќајни несреќи. Властите нагласуваат дека местата под надзор се соодветно означени.

За возачите, сепак, бројките се јасно предупредување: на шпанските патишта, особено на туристичките рути, внимателното следење на ограничувањата може да значи разлика меѓу безбедно патување и висока казна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс