Шпанија на овој Мундијал има примено само еден единствен гол во седум натпревари, вклучувајќи ги групната фаза и сите нокаут кола. Единствениот тим кој успеал да ја совлада шпанската одбрана беше Белгија, во четвртфиналето.
Уште поимпресивно, Шпанија не изгубила натпревар веќе две години, серија од 37 последователни натпревари без пораз, 28 победи и 9 нерешени резултати.
Синоќа, Франција беше само уште еден тим во низа не успе да ја скрши таа одбрана, при што триото Мбапе, Дембеле и Олисе беа сведени на само 0,26 очекувани голови (xG) во текот на целиот натпревар, огромен пад од просечните нивоа на нападот на Франција, кој пред полуфиналето имаше сооднос на голови 16:2 на турнирот.
Со синоќешниот пораз, Франција ја завршува низата од две последователни финалиња на Светско првенство, по шампионската 2018 и поразот во финалето во 2022 година од Аргентина.