Шок за фудбалските фанови: Цените на билетите за СП 2026 експлодираат – FIFA заработува како Apple App Store!

Билетите за ФИФА Светско првенство 2026 поскапуваат 4 до 10 пати. Нов модел на продажба предизвикува критики за монопол и огромни провизии.

Цените на билетите за ФИФА Светско првенство 2026 пораснале дури 4 до 10 пати во споредба со Мундијалот во Катар. Според анализа, зад овој раст не стои слободен пазар, туку строго контролиран систем во кој една организација има целосна контрола врз продажбата и препродажбата на билетите.

Три фази на продажба

1. Примарна продажба

Во првата фаза, цените ги одредува FIFA. Билетите се продаваат преку неколку кругови на извлекување, а потоа преку „first come, first served“ продажба.

Побарувачката е поголема од понудата, па се создава систем сличен на лотарија – не за награди, туку за право на купување.

2. Препродажба

Во втората фаза влегуваат препродавачите, но и тие се ограничени.

Сите билети се дигитални и врзани за сметка, а единствениот официјален канал за препродажба е FIFA Resale Marketplace.

FIFA зема провизија:

  • 15% од продавачот
  • 15% од купувачот
    ➡️ вкупно до 30% по трансакција

3. Платформи за препродажба

Иако постојат платформи како Ticketmaster или StubHub, билетите сепак мора да поминат низ FIFA системот.Тоа значи дека тие не се вистинска конкуренција, туку само посредници – финалната контрола останува кај FIFA.

„FIFA наплаќа двапати“

Анализата покажува дека FIFA заработува: прво при првичната продажба и потоа и при секоја препродажба. Тоа значи дека на ист билет може да се заработи повеќекратно.

Во екстремни случаи, билет за финале бил понуден за дури 2,3 милиони долари на секундарниот пазар.

Споредба со Apple App Store

Овој модел е спореден со Apple App Store, кој исто така наплаќа провизии до 30% од секоја трансакција.

Разликата е што кај Apple веќе има регулаторни ограничувања, додека FIFA сè уште целосно го контролира системот. Ннавивачки организации го нарекуваат моделот „монопол“, а експерти предупредуваат дека фудбалот станува луксуз за богатите, додекадел од јавноста забележува празни седишта и покрај „распродадени“ натпревари.

Светското првенство 2030 ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко – делумно во ЕУ, каде што постојат строги правила против монополска пракса. Прашањето останува дали регулаторите ќе успеат да влијаат на FIFA системот или цените ќе продолжат да растат без контрола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс