Ноќта на Светското првенство донесе две големи сензации, откако Германија и Холандија беа елиминирани по изведување пенали. Парагвај ја исфрли Германија по драматична пресметка која по 90 минути заврши 1:1. Енкисо му донесе водство на Парагвај, а Кај Хаверц израмни за „панцерите“.
Во пенал-серијата голманот Орландо Гил беше херој на Парагвај, бранејќи ги ударите на Хаверц и Волтемаде. Иако Германија доби шанса да се врати кога Мануел Нојер одбрани пенал, Џонатан Та во шестата серија шутираше над голот, а Хосе Канале ја реализираше третата меч-топка за големо славје на Парагвај.
Во второто големо изненадување Мароко ја елиминираше Холандија, исто така по пенали.
Холанѓаните поведоа преку Коди Гакпо, но Дипо израмни во првата минута од судиското продолжение и го однесе натпреварот во продолженија. Бидејќи немаше нови голови, победникот се решаваше од белата точка. Во пенал-рулетот клучен беше голманот Јасин Буну, кој го одбрани ударот на Самервил, додека Саибари го реализираше решавачкиот пенал за триумф на Мароко.
Со овие резултати, Парагвај и Мароко обезбедија место во осминафиналето, додека Германија и Холандија неочекувано го завршија настапот на Мундијалот.