Шок на Мундијалот: Турција ги „урна“ САД, драма до 90+ минута – познати сите патници понатаму!

И покрај поразот, САД завршија како првопласирани во групата со 6 бодови и во осминафиналето ќе играат против Босна и Херцеговина.
EPA/BENJAMIN FANJOY

Заврши расплетот во групата Д на Светското првенство, а последното коло донесе победа на Турција над САД и реми меѓу Парагвај и Австралија. Иако веќе претходно обезбедија пласман во нокаут-фазата, САД беа поразени во Лос Анџелес од Турција со 3:2.

Американците поведоа уште во третата минута преку голот на Аустон Трастy, но Турците брзо возвратија со погодок на Арда Ѓулер. До полувремето, Турција направи пресврт со голот на Јилмаз, а во второто полувреме САД израмнија преку Себастијан Берхалтер.

Сепак, во судиското продолжение, Каан Ајхан постигна победнички гол за конечни 3:2.

И покрај поразот, САД завршија како првопласирани во групата со 6 бодови и во осминафиналето ќе играат против Босна и Херцеговина.

Парагвај – Австралија 0:0

Во вториот натпревар од групата, Парагвај и Австралија одиграа без голови (0:0). Австралија заврши како второпласирана со 4 бода, додека Парагвај исто така освои 4 бода, но поради послаба гол-разлика остана на третото место.

Ремијата во Сан Франциско дополнително ја подобри позицијата на Парагвај меѓу третопласираните селекции, што може да има големо влијание врз конечниот пласман за осминафиналето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс