Шок на Мундијалот: ДР Конго ја шокираше Англија со гол во 7. минута

ДР Конго поведе против Англија во шеснаесетина финале на Светското првенство во Атланта, со ран гол во 7. минута.
epa13078204 Marcus Rashford of England in action during the FIFA World Cup 2026 Round of 32 match England against Democratic Republic of Congo, in Atlanta, USA, 01 July 2026. EPA/RONALD WITTEK

На натпревар од шеснаесетина финале на Светското првенство, што се игра во Атланта, репрезентациите на Англија и ДР Конго играат возбудлив дуел со рано изненадување. ДР Конго поведе уште во 7. минута, кога Чансел Мбемба испрати долга дијагонала од десната страна, а по несигурната реакција во одбраната, топката стигна до Брајан Ципенга. Тој ја прими на левата страна од шеснаесетникот и со силен удар во блискиот агол го совлада англискиот голман за 1:0.

Англија, која во групната фаза заврши како првопласирана со две победи и едно реми, се обидува да воспостави контрола преку своите офанзивни играчи, но засега се соочува со силен отпор од африканскиот тим.

Победникот од овој натпревар ќе обезбеди пласман во осминафинале, каде што ќе се соочи со селекцијата на Мексико.

е-Трн да боцка во твојот инбокс