Серија земјотреси го погоди грчкиот остров Евија – најсилниот бил 5,2 степени, пријавена материјална штета

Низа земјотреси го потресоа грчкиот остров Евија, при што најсилниот бил со јачина од 5,2 степени по Рихтер. Има материјална штета, но нема повредени.


Серија земјотреси денес го погодија грчкиот остров Евија во рок од неколку минути, при што најсилниот потрес бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува Катимерини. Според првичните информации, земјотресите предизвикале материјална штета, но нема пријавени повредени лица. Пожарникарските служби излегле на терен и вршат проверки во поширокото подрачје, при што се отстранува и паднато камење од патиштата.

Епицентарот на најсилниот потрес бил на околу шест километри југозападно од местото Прокопи. Земјотресите биле почувствувани и во поширокиот регион на Атика, вклучувајќи ја и Атина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс