Семејна расправија во Охрид завршила со полициска интервенција, откако 27-годишен охриѓанец, според пријавата, агресивно се однесувал и со остар предмет им се заканувал на своите блиски.
Од МВР информираа дека на 19 мај 2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р. на 27-годишна возраст од Охрид.
Тој бил уапсен по претходна пријава од неговата 25-годишна сестра, која пријавила дека поради должничко-доверителски односи агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал кон неа, нејзиниот брат и нивната баба.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.