Search

Секс под туш: Користете лубрикант за максимално уживање

За време на сексот под туш треба да ги искористите сите елементи на водата, вклучувајќи ги температурата, пареата, притисокот и влажноста.

Според експертите ова се придобивките од секс под туш:

Ја намалува напнатоста во телото
Топлата вода под туш е одлична за намалување на напнатоста во телото и целосно опуштање, а дополнително создава уште поголема возбуда кај партнерите.

Внесување новитети во сексуалниот живот
Сексот под туш ќе ви донесе разновидност во вашиот сексуален живот и ќе ве натера да бидете креативни со вашиот партнер.

Секогаш после сексот ќе бидете чисти
По сексуалниот однос можете веднаш да се истуширате и повторно да бидете чисти. Исто така, сексот под туш е попрактичен доколку жената има однос за време на менструација.

Вашите сетила се надразнети
Сексот под туш вклучува различни сензации и дава можност подобро да се доживеат звуците, мирисите, температурата и текстурата на вашите тела, нешта кои потешко може да ги почувствувате додека сте во спалната соба.

Мултитаскинг
Понекогаш може да биде тешко да најдете време за секс, особено кога сте во брак и со деца. Па, ако имате секс под туш тогаш можете да го комбинирате утринското или вечерното капење со задоволување на вашите сексуални потреби.

Внимателно користете ги презервативите
Најдобро е да го поставите презервативот пред да влезете под туш. Исто така, погрижете се препаратите за хигиена да не влегуваат во вашите интимни делови од телото.

Извор: mindbodygreen.com

Најново

Последни колумни