Се намалува бројот на приговори за „Сејф Сити“ казните – само 38 барања во април

Во април 2026 година до Кривичниот суд Скопје се поднесени 38 приговори за казните од системот „Сејф Сити“, што покажува значително намалување на оспорувањата.


Забележливо се намалува бројот на граѓани и правни лица кои поднесуваат приговори за казните изречени преку системот „Сејф Сити“, информира Основниот кривичен суд Скопје.Според податоците, во април 2026 година се поднесени вкупно 38 приговори за поведување прекршочна постапка, од кои 32 се од физички лица, а 6 од правни лица.

Од судот наведуваат дека дел од претходно поднесените предмети веќе се завршуваат, што дополнително укажува на стабилизација во постапувањето и помал број на оспорувања на сообраќајните казни. Кривичниот суд нагласува дека трендот покажува значително намалување на незадоволството или оспорувањето на одлуките од системот „Сејф Сити“ во споредба со претходните месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни