На прашањето на јавноста – кој и што се користело за да ги испаничи граѓаните за време на тишината на саботниот протест, властите одговараат дека не е точно ништо од она што илјадници граѓани го сведочат и го негираат користењето на звучниот топ. Претседателот на државата најавува брза истрага, а премиерот во оставка порача дека државата е подготвена да дозволи истрага и на американските и на руските служби.
Студентите во блокада велат – удривте со топ на нашата љубов и емпатија.
„Ако ја прашате државата – ништо не сте чуле, ништо не сте виделе, ништо не се случило, бидејќи таа како да не чулa и не видела илјадници и илјадници идентични сведочества од присутните граѓани за необичниот звук што предизвикал паника“, пишуваат невладините организации и здруженија на граѓани.
Пратеникот на опозицијата, Миљошлав Алексиќ, тврди дека еден звучен топ има полицијата, а друг војската. Правните претставници во блокада го прашуваат обвинителството кому му служи? Наместо да истражуваат дали имало звучен топ, тие ги плаши граѓаните.
Од БИА велат:
„БИА никогаш не имала такво средство, ни преку ‘преземање од магацин’, ни на било кој друг начин. Припадниците на Агенцијата кои беа ангажирани на 15 март не забележале присуство на такво средство, ниту забележале звук или други ефекти што таквото средство произведува.“
Но, експертите добро чуле и добро виделе што се случувало за време на тишината во Улицата на кралот Милан, и велат дека тоа бил звучен топ.
„Употребено е средство, неселективно, против огромна маса на луѓе во која имало и деца, што е застрашувачки. Овие средства ефикасно се користат во одбрана од сомалиски пирати или терористи“, вели Предраг Петровиќ од Белградскиот центар за безбедносна политика.
Воениот аналитичар Александар Радиќ вели дека ако се употреби инфразвук како средство во тој уред, тоа создава тегобност и основа за паничен бран, а при тоа немате материјален доказ.
„Никому не можете да извадите крв од прст или вена и да покажете дека такво нешто се случило, а потоа тврдите дека тоа е масовна психоза, сето тоа релативизирате“, истакнува Радиќ.
Во својата релативизација на овој инцидент, претседателот на државата ништо не чул, ништо не видел, и однапред знае колку ќе трае истрагата и каков ќе биде нејзиниот исход.
„Звучниот топ не бил никаде на улицата, не можете да го не забележите, не можете да го не чуете, измисливте сте уште една опасна лага. Истрагата ќе заврши целосно во рок од 48 часа и тогаш сите одговорни за такви брутални лаги ќе одговараат“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На ова се надоврзуваат и премиерот во оставка и министерот за полиција.
„Ние сме подготвени официјално да упатиме покана и до FBI и до FSB да дојдат во Србија и да ги проверуваат сите овие тврдења и факти“, рече премиерот во оставка.
А министерот за полиција во оставка изјави:
„Никогаш во својата историја полицијата на Србија не користела такви средства. Ниту ќе ги користи.“
Про-владините медиуми пренеле своевидна анализа на безбедносните служби, според која, стампедото го предизвикале студентите редари кои, како што пишува, по однапред договорена тактика за повлекување од инцидентите ги симнале жолтите прслуци и со трчање се приклучиле кон масата граѓани. Студентите го демантирале ова.