Се бара независна меѓународна истрага на ОН за употребата на звучен топ на протестите во Србија

Организаторите на петицијата соопштија дека бараат „независна меѓународна истрага за употребата на звучен топ на 15. март против мирните демонстранти во Белград, вклучувајќи медицински, правни и технички аспекти на неговото влијание на здравјето и човековите права, потоа идентификација и одговорност на институциите и поединците кои наредиле, овозможиле или извршиле употреба на звучно оружје, како и меѓународни насоки и забрана за употреба на звучно оружје против цивили во мирнодопски услови
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Иницијативата Крени-Промени покрена петиција со која се бара од официјалните лица на ОН, Советот на Европа и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) независна меѓународна истрага за употребата на звучен топ на 15. март против мирните демонстранти во Белград, вклучувајќи медицински, правни и технички аспекти на неговото влијание на здравјето и човековите права. До понеделник во 8 часот петицијата ја потпишале повеќе од 460.000 луѓе од Србија, регионот и државјани на Србија ширум светот.

Во петицијата упатена до специјалната известителка на ОН за правото на слободно мирно собирање и здружување, Ѓини Ромер, специјалната известителка на ОН за слободата на мислење и изразување, Ирена Кан, комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флеарти и претставникот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС), се бара независна истрага, утврдување на одговорноста на институциите и поединците, како и меѓународни насоки.

Организаторите на петицијата соопштија дека бараат „независна меѓународна истрага за употребата на звучен топ на 15. март против мирните демонстранти во Белград, вклучувајќи медицински, правни и технички аспекти на неговото влијание на здравјето и човековите права, потоа идентификација и одговорност на институциите и поединците кои наредиле, овозможиле или извршиле употреба на звучно оружје, како и меѓународни насоки и забрана за употреба на звучно оружје против цивили во мирнодопски услови“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни