Сандра Камиловска и Александра Белчева во РеТрн ДУО

„Не сме другарки, туку сме енергија што се препозна сама.“

Во новата епизода на РеТрн ДУО, Дениз влегува во светот на модата со Сандра Камиловска и Александра Белчева – две жени кои од една идеја почнале да градат своја приказна, ненаметливо, во свој стил и со свое темпо.

Сандра потекнува од стара скопско-галичка фамилија, добро позната и по приказната зад ресторанот „Неда“. Нејзиниот брат Павле Камиловски е познат вокал, сестра ѝ Софка Камиловска е едно од препознатливите имиња во македонската гастрономија, а Сандра решила заедно со својата другарка Бела да градат заедничка приказна – модата и Руво.

Александра Белчева е една од основачките на Руво и Урма, а идејата, како што самата раскажува, почнала сосема спонтано – откако го испразнила сопствениот плакар и сфатила дека од тоа може да се роди нешто многу поголемо. Нешто што заедно со Сандра денес го развиваат во сериозен бизнис.

Во РеТрн зборуваме за тоа колку долго се познаваат, како дошле до идејата, што му недостига на Скопје и како тие ја гледаат модата денес. Од работа директно на журка, деца, обврски, идеи и секојдневие – без обид сè да изгледа совршено.

Две различни приказни, слична енергија и многу мода – Сандра и Александра во новата епизода на РеТрн ДУО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс