Санчез: ОН треба да добијaт жена за генерален секретар

Шпанскиот премиер смета дека следниот лидер на Обединетите нации треба да биде жена од Латинска Америка
Фото: La Moncloa - Gobierno de España/Flickr

Трката за нов генерален секретар на Обединетите нации добива и силна родова и регионална димензија. Шпанскиот премиер Педро Санчез од Генералното собрание на ОН порача дека е време организацијата за првпат да ја предводи жена – и тоа кандидатка од Латинска Америка.

„Девет мажи биле генерален секретар на оваа организација во нејзините 80 години постоење. Сега е време жена да ја преземе функцијата, жена од Латинска Америка“, рече Санчез во своето обраќање.

Изборот на наследникот на Антонио Гутереш веќе е во тек. Неговиот втор мандат завршува на 31 декември 2026 година, а новиот генерален секретар треба да ја преземе функцијата на 1 јануари 2027 година.

Иако не постои официјално правило според кое функцијата ротира меѓу регионите или мора да му припадне на кандидат од одреден дел од светот, досегашната практика има создадено очекување за регионална застапеност. Во актуелниот процес меѓу кандидатите има повеќе претставници од Латинска Америка и Карибите.

Изборот на новиот шеф на ОН е сложен процес во кој кандидатурата прво ја разгледува Советот за безбедност, а конечниот избор формално го потврдува Генералното собрание. Процесот е веќе започнат, а новиот генерален секретар ќе го преземе раководењето со организацијата во период на сериозни меѓународни кризи и притисок врз мултилатералниот систем.

Санчез со својата порака отворено поддржа две идеи за следниот лидер на ОН: жена како прва жена генерален секретар и кандидатка од Латинска Америка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс