Само една лажица прави разлика и облеката повеќе нема да изгледа избледено и износено

Едноставен домашен трик со една лажица сол наводно помага облеката да ги задржи боите и свежиот изглед дури и по повеќекратно перење. Еве како функционира.

Во морето од совети за перење алишта што секојдневно кружат на интернет, сè потешко е да се разликуваат корисните трикови од оние што се само тренд без реален ефект. Социјалните мрежи често нудат „чудесни решенија“ за совршено чист и миризлив веш, но резултатите не секогаш ги оправдуваат очекувањата.

Сепак, постојат и едноставни, старински методи што со години се пренесуваат од генерација на генерација – и кои сè уште важат за практични и ефикасни.

Лажица сол како трик за зачувување на бојата

Според искуства на многу домаќинки, обичната кујнска сол може да помогне облеката да го задржи својот изглед подолго време. Додавање само една лажица сол во машината за перење може да спречи избледување на боите и да ја зачува свежината на ткаенината.

Солта делува така што им помага на влакната во ткаенината да ја задржат бојата, дури и по повеќе перења. Ова е особено корисно кај темна и шарена облека која најбрзо покажува знаци на истрошеност.

Примената е едноставна и не бара промена во вообичаената рутина. Пред перењето, доволно е да се стави една лажица сол во преградата на машината за перење. За време на циклусот, солта постепено се раствора и рамномерно се распределува, што овозможува подобра заштита на бојата и структурата на ткаенината. Постои и алтернатива – директно додавање на сол во барабанот, но според искуствата, методот со преградата дава порамномерни и подобри резултати.

Иако не станува збор за магично решение, овој едноставен трик со сол може да биде практичен и евтин начин за подолготраен и посвеж изглед на облеката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни