Сахарска прашина повторно на небото над Грција

Прашината од Сахара, што често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор за загадување на воздухот

Денеска во Грција се очекува голема концентрација на прашина од Африка а според метео прогнозите таквата појава ќе трае до четврток.

Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор за загадување на воздухот во регионот.

Истражување на глобалната платформа за следење на квалитетот на воздухот IQAir покажува дека концентрацијата на фини честички прав во Грција е зголемена за 30 отсто, пренесува електронското издание „Њуз авто“. Во анализата се опфатени податоци од 9.446 града во 143 држави, при што само 14 проценти од градовите ги исполнуваат препораките на Светската здравствена организација за концентрација на ПМ 2,5-честички.

Минатата година во 23 европски држави е регистриран раст на просечната годишна концентрација на ПМ 2,5, а во 18 земји е забележано намалување. Во Грција зголемувањето надминува 30 проценти.

Зголемувањето, според истражувањето, се должи на чадот од пожари во Северна Америка, како и на преносот на песок од Сахара.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни