Search

Саем „Винска Визија на Отворен Балкан“

Овогодишната промоција на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” од страна на АППТ покрај концептот базиран на новото туристичко лого “Taste Life” е збогатена со резбарскиот, филигранскиот занает како дел од историското и културното наследство, а техниките се презентираат од врвните мајстори на широката публика на оваа саемска манифестација.

Саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи од регионот и задржување на позитивните резултати од 2023 година и во наредниот период.

Македонскиот туристички сектор во првите девет месеци од 2023 година оствари 2.700.000 ноќевања, конкретно учеството на српските ноќевања од вкупниот број странски туристички ноќевања остварени во државава е 10%, што е одличен показател за значењето на српскиот туристички пазар. Преостануваат уште три месеци од годинава за постигнување на целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет!

Најново

Последни колумни