САД почнуваат операција во Ормускиот теснец: Трамп најави „Проект Слобода“

Доналд Трамп најави американска операција за извлекување на заглавени трговски бродови во Ормускиот теснец, додека паралелно се водат „позитивни разговори“ со Иран.

Доналд Трамп најави дека САД ќе започнат воена операција во Ормускиот теснец, со цел да ги ослободат трговските бродови кои останале заглавени поради актуелната криза на Блискиот Исток. Операцијата, наречена „Проект Слобода“, според најавите ќе започне во понеделник наутро по локално време.

Трамп изјави дека повеќе држави од светот побарале помош од САД, бидејќи нивните бродови се блокирани во теснецот, иако немаат директна поврзаност со конфликтите во регионот.

„Станува збор за неутрални земји кои немаат никаква врска со ситуацијата, но се жртви на околностите“, порача тој.

„Хуманитарна мисија“ со предупредување

Американскиот претседател ја опиша операцијата како хуманитарна акција, нагласувајќи дека на дел од бродовите им недостигаат храна и основни услови за екипажот.

Во исто време, тој откри дека САД водат „многу позитивни разговори“ со Иран и изрази надеж дека тие ќе доведат до пошироко решение.

Сепак, упати и јасна порака:

„Доколку оваа хуманитарна операција биде попречена, ќе мора да одговориме со сила.

Оваа најава доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде што Ормускиот теснец – клучна рута за глобалната трговија со нафта – останува делумно блокиран, со сериозни последици за светската економија и безбедноста на поморскиот сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни