Македонскиот боксер Ален Рустемовски го освои бронзениот медал на 20. Медитерански игри во Таранто, Италија, откако денеска загуби во полуфиналето во категоријата до 60 килограми.
Рустемовски беше поразен од Шпанецот Еварт Андрес Марин Хернандез со 1:4 на поени.
И покрај поразот, македонскиот боксер обезбеди бронзено одличје, бидејќи во боксот на Медитеранските игри нема борба за третото место.
Со бронзата на Рустемовски, македонската делегација на Игрите во Таранто стигна до вкупно пет медали – две сребрени и три бронзени.