Рустемовски по поразот: „Не знам што гледаа судиите“ МОК достави жалба

„Не знам судиите кој меч го гледаа и што бодуваа, но судиските одлуки беа многу неправилни“ изјави Рустемовски

Македонскиот боксер Ален Рустемовски загуби во денешното полуфинале од Шпанецот Марин Хернандез на поени со резултат 4:1.

Сепак, Рустемовски изрази разочарување од судењето, додавајќи дека по таква борба тој требало да биде победник.

„Не знам судиите кој меч го гледаа и што бодуваа, но судиските одлуки беа многу неправилни“ изјави Рустемовски.

Од македонската делегација во Таранто, преку каналите за комуникација изјавија дека веќе се вложуваат жалба на судењето.

„Во моментов се поднесува жалба до официјалните мејлови на светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК, како и боксерска федерација на Македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката“, изјавија од македонската делегација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс