Руски напади уништија два сортирни центри на Нова пошта во Украина

Четири авио-бомби го погодија терминалот во Суми, оштетен е и објект кај Киев, но меѓу вработените нема повредени лица.
Фото: @Нова пошта/Telegram

Руските сили со воздушни напади целосно уништија два сортирни центри на најголемата приватна поштенска компанија во Украина, Нова пошта, лоцирани во близина на Киев и во северниот град Суми. Од компанијата соопштија дека во нападите нема повредени вработени и дека логистичката мрежа продолжува со секојдневна работа.

Украинската поштенска и курирска компанија Нова пошта преку својот официјален канал на Телеграм објави детали за директните удари врз цивилната логистичка инфраструктура.

Според официјалното соопштение, четири наведени авионски бомби паднале директно врз терминалот во градот Суми. Покрај уривањето на главниот сортирен објект, уништени и тешко оштетени се и три товарни камиони што се наоѓале на паркингот.

Раководството на компанијата потврди дека персоналот успеал навреме да се засолни, со што се избегнати човечки жртви и повреди. Објектите, магацините и вработените на Нова пошта се редовна цел на руските ракетни и воздушни напади уште од февруари 2022 година, кога Москва ја започна целосната инвазија врз Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс