Рубио: Ормускиот теснец мора да остане отворен – „Ќе биде отворен на еден или друг начин“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите со Иран се блокирани поради спор околу формулацијата на договорот, додека САД во меѓувреме извршија напади во близина на Ормускиот теснец.

Преговорите меѓу САД и Иран за постигнување договор се привремено стопирани поради несогласувања околу формулацијата на текстот, изјави американскиот државен секретар МАрко Рубио. Рубио, говорејќи пред новинарите во авионот на американската делегација на аеродром во Индија, изјави дека ќе бидат потребни неколку дена за да се надминат разликите.

„Ќе бидат потребни неколку дена за да се решат несогласувањата околу еден збор, една реченица“, рече Рубио, додавајќи дека прашањето мора да биде решено.

Напади во екот на преговорите

Неговата изјава доаѓа само неколку часа откако американската војска изврши, како што ги нарече, „одбранбени удари“ врз ирански позиции за лансирање ракети и бродови во близина на Ормутскиот теснец. На прашањето за американските напади, Рубио порача дека теснецот мора да остане отворен за поморскиот сообраќај.

„Ормускиот теснец мора да биде отворен. Ќе биде отворен на еден или друг начин“, изјави тој.

Техеран засега без официјален одговор

Иранските власти сè уште немаат официјално реагирано на американските напади. Сепак, државните медиуми во Иран ги оценија ударите како прекршување на постојниот договор за прекин на огнот. Во изминатиот период, американските и иранските сили повеќепати разменуваа оган и покрај формалното примирје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс