Роналдо нема дадено гол во последните 10 меча на светско или европско првенство

Вчерашниот меч беше дессети меч на големи репрезентативни настапи (СП и ЕУРО) на кој Роналдо нема дадено гол

Во првиот натпревар од Мундијалот, Португалија синоќа ремизираше со 1:1 против аутсајдерот Конго.

Очекувано, португалската, но и светската спортска јавност упатија жестоки критики за играта особено кон Кристијано Роналдо.

Лидерот на репрезентацијата не само што не постигна гол, туку изигра бледо и речиси и да не придонесе со ништо во играта на Португалија.

Тоа е потврдено и со официјалната статистика. Во текот на целиот натпревар тој не упати ниту еден удар кон противничкиот гол, не реализираше ниту едно успешно минување на противнички играч, не избори прекршок и имаше минимален придонес во одбранбените задачи. Средбата ја заврши со само 24 допири со топката.

Дополнително, вчерашниот меч беше дессети меч на големи репрезентативни настапи (СП и ЕУРО) на кој Роналдо нема дадено гол.

Дали овој неславен рекорд ќе го мотивира или дополнително ќе го фрустрира ќе видиме на следниот меч која Португалија го игра на 23 јуни против дебитантот Узбекистан

е-Трн да боцка во твојот инбокс