Search

Романот „Бела Сама“ на Виолета Танчева-Златева ќе има промоција во КИЦ-Скопје

Најновото прозно дело на истакнатата македонска авторка Виолета Танчева-Златева, романот „Бела Сама“, ќе биде промовирано на 13 февруари, од 19.19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје. Промотор на книгата ќе биде Ана Јовковска, добра познавачка на македонската реч.

Во издание на „Три“, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот. Книгата е вистинско обележје на македонскиот современ роман и навраќање кон човечките вредности, а едновремено е и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите.

Виолета Танчева-Златева е поетеса, раскажувач, есеист, лектор. Родена е на 25 април 1968 г., во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година, како и на Здружението на лекторите на Македонија.

Најново

Последни колумни