Трагедија во Италија: Родители возеле 100 километри со мртвиот син, мислеле дека спие

Италијанската полиција го запрела семејството по пријава за сообраќаен прекршок, па открила дека шестгодишното дете на задното седиште не дава знаци на живот.

Семејна патувачка драма заврши со трагедија во Италија откако родители 100 километри возеле со нивното мртво дете на задното седиште, мислејќи дека тоа спие. Автомобилот со полско семејство бил запрен од полициска патрола на автопатот во близина на Болоња поради агресивно возење. При контролата, полицајците забележале дека шестгодишното момче не реагира, по што итна медицинска помош констатирала смрт која настапила часови претходно.

Полициска патрола го забележала автомобилот како се движи со голема брзина и сече ленти на автопатот А14. По запирањето на возилото, таткото, кој управувал со автомобилот, им објаснил на полицајците дека брзаат кон најблиската болница бидејќи на нивното дете му било лошо.

Сепак, кога полицајците се приближиле до задното седиште за да ја проверат состојбата на момчето, забележале дека тоа е бледо и целосно неконтактно. Лекарите од брзата помош кои пристигнале на местото на настанот можеле само да констатираат смрт. Според нивните првични проценки, детето било мртво најмалку два часа пред автомобилот да биде запрен, што значи дека родителите извозеле повеќе од 100 километри без да сфатат дека нивниот син починал.

Според извештаите на италијанските медиуми и полициската истрага, семејството патувало од Полска кон југот на Италија на одмор. Момчето боледувало од ретка и тешка хронична болест која барала постојана терапија и специфичен медицински третман.

Таткото и мајката за време на испитувањето изјавиле дека забележале оти детето е изморено и заспало на задното седиште уште во раните утрински часови. Тие претпоставиле дека момчето едноставно спие од исцрпеност од долгото патување и не го разбудиле за да го проверат неговото дишење.

Обвинителството во Болоња отвори истрага за да се утврдат точните причини за смртта на детето, како и евентуална одговорност на родителите за занемарување или непријавување здравствена криза на време. Обдукцијата треба да покаже дали смртта настапила како директна последица на основната болест или имало дополнителни компликации за време на долгото патување.

Автомобилот е исто така предмет на вештачење за да се провери дали имало какви било технички дефекти, иако првичните сознанија укажуваат дека се работи за трагичен медицински случај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс