При гостувањето во отвореното студио на германската телевизија, „бело камче“ паѓа на розовиот микрофон кој го држи Роби Вилијамс, по што тој го зема камчето во рака, а при бришење на челото истото потоа му останува на челото.
Видеото од овој настан брзо стана популарно на интернет, при што корисниците се шегуваа дека веројатно станува збор за дрога која што случајно му испаднала на популарниот пејач.
Шегувајќи се на своја сметка, пејачот денес објави видео во кое што лежи во кревет.
„Многумина беа загрижени за мене и тоа што ми падна на микрофонот по вчерашното видео, но не грижете се. Имам уште“ вели пејачот покажувајќи ментол бомбони во устата, сугерирајќи дека не станува збор за дрога, туку за ментол.
И во самиот опис на видеото тој напиша „Се разбудив денес чувствувајќи се како ментол“.