Ријана и A$AP Rocky го добија нивното второ дете на почетокот на овој месец, според повеќе извештаи. Двојката не се појавуавше во медиумите од крајот на јуни, додека се подготвуваа да го пречекаат најновиот член на своето семејство. Тие веќе имаат и едногодишен син, РЗА Атлестон Мајерс.
Ријана лукаво ја објави својата втора бременост во февруари, за време на шоуто на полувремето во Супер Боул – покажувајќи го стомакот во комбинезон Loewe со обликувана биста за гради и црвено кожно палто од Alaïa. Таа се согласи на настапот веднаш по раѓањето на РЗА, пишува Vogue.
На почетокот на овој месец, нејзината линија Savage x Fenty издаде нова породилна облека. Иако многу облека наменета за идните мајки е често широка и прикриена, Ријана сакаше да направи нешто што ја слави женската форма: „Новата породилна линија треба да им даде доверба и удобност на мајките во секоја фаза од нивното патување“, рече таа. „Сакам да ги потсетам луѓето дека сè уште можете да ја канализирате сексипилноста и да се чувствувате добро додека сте родители“.
На почетокот на месецот многу медиуми објавија дека второто дете на Ријана е женско, но TMZ вчера објави бебето, кое се родило на 3 август е машко.