Наши гости се Наталија Теодосиева и Драган Теодосиев – двајца уметници од различни сцени, поврзани преку љубовта кон уметноста, музиката и Кочани.
Наталија Теодосиева е една од највпечатливите актерки кај нас. Публиката ја памети по улогите во „Мими“ и „Врба“ на Милчо Манчевски, каде што со ликот на Родна освои бројни признанија од светски филмски фестивали. Завршила средно балетско училиште во „Илија Николовски-Луј“, а дипломирала на Факултетот за драмски уметности во класата на Владимир Милчин.
Драган Теодосиев е тапанар и млад џез музичар, кој уште од дете е дел од музичката сцена. Средното музичко образование го завршува во „Луј“, на отсек ударни инструменти, а денес студира на Џез академијата во Штип. Во 2023 година ја добива наградата за најдобар млад џез музичар, а зад себе има настапи и турнеи низ Балканот и Европа со бендови и проекти како: Shock Troopers, Taxi Consilium, Dina Jashari, Cobalt Code Unit, Mizar, Alembic, Aum Tro и Svetlost.
Во оваа епизода разговараме за тоа:
- Во што се различни, а во што слични?
- Што ги прави среќни, а што тажни?
- Ако не се занимаваа со уметност – што би работеле?
- Што е тоа што ги врзува за Кочани?
- И што најмногу сакаат во професијата што ја живеат?
Разговор за филмот, музиката, сцената и животот-
Наталија Теодосиева и Драган Теодосиев во РеТрн ДУО.