Рекордно високи температури измерени во Германија и Данска

Нов германски рекорд од 41,3°C беше достигнат вчера во близина на градот Сарбрикен, близу до француската граница

Данска денес го забележа најтоплиот ден откако започнаа официјалните метеоролошки мерења во земјата, при што температурите достигнаа 36,6 степени Целзиусови поради интензивниот топлотен бран што зафати голем дел од Европа, објави Данскиот метеоролошки институт (DMI).

Институтот соопшти дека температурата е измерена северно од градот Оденсе, со што е соборен претходниот апсолутен рекорд од 36,4 степени Целзиусови, забележан во Холстебро на 10 август 1975 година.

„Апсолутниот рекорд за температура е исто така срушен“, објави DMI на X, истакнувајќи дека новиот рекорд е поставен иако денот сè уште не е завршен.

Топлотниот бран ја донесе и најтоплата јунска ноќ во историјата на земјата. На островот Фано, температурата не падна под 22,7 степени Целзиусови, што се смета за тропска ноќ, односно ноќ во која температурата останува над 20 степени.

Покрај Данска, рекордни температури се измерен и кај нејзиниот јужен сосед, Сојузна Република Германија.

Нов германски рекорд од 41,3°C беше достигнат вчера во близина на градот Сарбрикен, близу до француската граница, изјави портпаролот на германската Национална метеоролошка служба, истакнувајќи дека отчитувањето е сè уште прелиминарно.

Предупредувања за екстремна топлина во Германија, Франција и Италија

Метеоролошката служба денес издаде предупредувања за екстремна топлина за речиси цела Германија, а властите ги повикаа луѓето да штедат вода. Низ целата земја се очекуваат температури од 36°C, со можни локални максимални 42°C, соопшти метеоролошката служба.

Во Франција, десетици луѓе, и млади и стари, починаа за време на топлотниот бран. Температурите над 40°C ги нарушија железничките услуги и производството на електрична енергија, доведоа до забрани за алкохол, затворање на училиштата и одложување на настани на отворено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс