По разорните земјотреси во Венецуела се стравува дека бројот на жртвите може да надминат 10.000

По серијата силни земјотреси во Венецуела, властите потврдуваат најмалку 32 загинати и околу 700 повредени, додека USGS предупредува дека бројот на жртви може драматично да порасне и да надмине 10.000.
epaselect epa13062508 A damaged vehicle lies beneath rubble in Caracas, Venezuela, 24 June 2026. Two powerful earthquakes struck Venezuela, including a magnitude 7.5 earthquake, causing buildings to collapse as authorities assessed damage and possible casualties, according to the US Geological Survey (USGS) and local officials. EPA/RONALD PENA R

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 700 се повредени во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти привремената претседателка Делси Родригес. Таа истакна дека сè уште нема целосни податоци за состојбата во сојузната држава Гваира, која се наоѓа во близина на главниот град Каракас и која, според неа, е најтешко погодена.

Ова се првите официјални бројки за жртвите од моментот кога земјата беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер, по кој само неколку секунди подоцна следувал втор потрес од 7,5 степени. Во Каракас и во повеќе други градови е пријавено уривање на голем број згради, а се стравува дека бројот на жртви би можел значително да расте. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека очекува „катастрофален“ број на загинати.

Дополнителна загриженост предизвикуваат и проценките на USGS, според кои постои 44% веројатност бројот на жртви да надмине 10.000, додека 30% веројатност укажува дека бројот може да надмине дури и 100.000 загинати. Ситуацијата останува неизвесна, а спасувачките операции продолжуваат во погодените подрачја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс