Расте бројот на жртви во пожарот во Тузла, загинаа 12 лица

Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни лица, а засега се уште не потврдени причините

Бројот на жртви во пензионерскито дом во Тузла, Босна и Херцеговина се искачи на 12, откако почина уште еден маж, објавија босанските медиуми.

Вкупно во пожарот повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци.

Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири лица се на респиратори и се во тешка состојба.

Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни лица.

По трагедијата, директорот на домот си поднесе оставка, додека причините за пожарот се уште не се официјално потврдени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни