Рама: ЕУ мора да зборува со Русија за крај на војната

Колку подолго одложуваме разговор со Русија, толку помалку збор ќе имаме на крајот рече Рама додавајќи дека Албанија нема врски со Русија

Европската Унија прави сериозна грешка со тоа што не се ангажира директно со руското раководство за завршување на војната во Украина, изјави албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека со сите мора да се разговара.

„Можам да кажам дека Европа направи голема стратешка грешка со тоа што ги прекина сите канали со Русија. Европа мора секогаш, секогаш да разговара со сите“, изјави Рама за медиумите за време на економски форум во Делфи.

Рама верува дека со избегнување на директна интеракција со Москва, Европа се турка себеси на маргините на секој иден мировен договор меѓу Украина и Русија.

„Колку подолго одложуваме разговор со Русија, толку помалку збор ќе имаме на крајот, бидејќи Русија, без разлика како ќе заврши оваа војна, нема да оди никаде“, рече тој, додавајќи дека неговата земја нема врски со Русија. „Немаме зависност од Русија. Немаме инвестиции, немаме руски гас“, рече Рама.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни